Ерик од „Монти Пајтон“ доби коверт со сомнителен прашок

Сомнителен прашок беше испратен во семејната куќа на познатиот комичар Ерик Идл (76). Службата за итна интервенција, по дојавата, пристигна во понеделникот вечерта во рекордно време. Тие на себе имаа заштитен комбинезон, а на главата гас  маски.

Во неговото поштенско сандаче пронајдоа необичен прашок во едно парче, вели ТМЗ. Иследниците веруваат дека некој го испратил овој прашок за да го заплаши комичарот и ја отфрлија можноста дека овој настан е некаква грешка.

Луксузната вила е во сопственост на Ерик и неговата сопруга, поранешната моделка Тани Косевиќ. Куќата се протега на 5.200 квадратни метри и се наоѓа во непосредна близина на семејната куќа на британскиот комичар Саша Барон Коен (46).

Треба да знаете
Последни објави