Изборната комисија на Турција го одби барањето на владејачката Партија за правдата и развојот, да се повтори пребројувањето на гласасовите собрани во трката за градоначалник на Истанбул.
Членот на изборната комисија, Реџеп Озел соопшти дека Комисијата одбила да ги пребројува гласовите на 51 избирачко место во Истанбул, пренесе „ЕП“.
Партијата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган претрпе пораз во Истанбул и Анкара на локалните избори.
Партијата за правда и развој побара повтоно пребројување на гласовите, а како причина наведе дека имало нерегуларности.
Опозицијата на Турција го крититикуваше барањето.