Надал: Јас и Федерер не сме пријатели

Славниот шпански тенисер Рафаел Надал навистина има што да каже за неговите колеги, со оглед на тоа дека е вистински ветеран во овој спорт. Но, она што го кажа за големиот Роџер Федерер ја изненади тениската јавност.

 

И двајцата тенисери се далеку од своите најдобри години, но во текот на нивните кариера покажуваа огромна почит еден за друг. Некои тоа би го нарекле пријателство, но не и Надал.

„Не би рекол дека сме пријатели. Јас и Федерер имаме фантастичен однос, но тоа е тоа. Мојата мотивација на теренот не се менува во зависност од тоа кој е на другата страна од мрежата“, изјави Надал за шпански  магазин.

Шпанецот е максимално фокусиран на животот во тенискиот терен и не размислува на ништо друго. Тој вели дека никогаш во животот не помислил на нешто друго, некоја друга професија или пак некој друг спорт.

„Немам ни време да размислувам за нешто друго, бидејќи се занимавам со тенис од 15 години. Кога требаше да сонувам на други работи, веќе бев професионалец“, додаде Надал.

Сепак, тој не е само фан на тенисот, туку има и голема љубов за фудбалот, со оглед на тоа дека му се допаѓаат тимските спортови. Како навивач на Реал Мадрид, често може да го видиме на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Треба да знаете
Последни објави