Палмер: Откажувањето од пратеничките мандати и неучество на изборите не е решение

Не сум во Албанија за да преговарам за решавање на политичката криза, изјави денеска американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер на средба со новинарите во Тирана.

Тој ги охрабри сите албански политички партии да учествуваат на локалните избори што се предвидени за 30 јуни.

– Откажувањето од пратеничките мандати не е решение, туку треба да се најде начин да се учествува на изборите. Би било несреќа доколку опозицијата не учествува во овој демократски процес.Одговорност на опозицијата е да учествува на изборите во јуни, да ги сподели своите визии со подржувачите и силно да работи за да ги добие изборите, порача Палмер.

Високиот американски функционер синоќа имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама, а попладнево ќе се сретне со претседателот на Албанија, Илир Мета и со лидерите на двете најголеми опозициски партии, Љуљзим Баша од Демократската партија и Моника Круемади од Социјалистичкото движење за интеграција.

Треба да знаете
Последни објави