По долга и тешка болест почина актерот Сејмур Касел

Американскиот актер Сејмур Џозеф Касел почина во 84-тата година од животот по долгогодишна борба со Алцхајмерова болест.

Неговата кариера започна со Џон Касаветс така што дебитираше во неговиот прв филм „Сенки” и со оваа улога стана соработник на проектот. Глумел во 50-ина филмови, меѓу кои: „Последниот магнат”, „Валентино”, „Конвој”, „Меден месец во Вегас”, „Пивска лига”.

На Оскарите, за најдобра споредна улога во машка конкуренција, Касел беше номиниран во 1968 година за филмот „Лица”.

Во почетокот на 1964 година се ожени со својата долгогодишна девојка Елизабет Деринг со која имаше две деца. Тие се разведоа 19 години подоцна, но останаа во добри односи.

Треба да знаете
Последни објави