Каио Џулио Чезаре Мусолини, правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, именуван по еден од најпознатите владетели на античкиот Рим, влегува во политичката арена како кандидат на европските избори за екстремно десничарската партија „Браќа на Италија“.
Лидерката на партијата, Џорџија Мелони, ја објави кандидатурата на Мусолини минатиот викенд, објави АП.
Покрај него, политички амбиции изрази и неговата братучетка Алесандра Мусолини, член на Европскиот парламент од партијата „Форца Италија“ на Силвио Берлускони и Рахела Мусолини, член на Градското собрание на Рим.
Џорџија Мелони рече дека протестите против најновото политичко деби на Мусолини го навело Фејсбук да го откаже неговиот профил.
Каио Мусолини денес рече дека неговиот профил е вратен, со извинување.