Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека официјална Москва и Анкара би можеле да започнат со заедничко производство на високотехнолошка воена опрема.
,,Можно е да започнеме заеднички развој и производство на високотехнолошка воена опрема”, рече Путин на прес-конференција по состанокот со турскиот претседател Реџепи Таип Ердоган, пренесува агенцијата ТАСС.
Путин рече дека Русија сé уште е сигурен снабдувач на гас за Турција.
,,Турција има многу договори за испорака на гас, но далеку е од тоа дека сите ги исполнуваат договорените обврски. Русија е стабилна во исполнувањето на обврските во однос на обемот и цената”, рече Путин.