Се самоубил синот на Илчо Захариев

Ноќеска во викендичка во Делчево се обесил Александар Захариев, 23-годишниот син на екс- градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.

Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење. Телото е предадено на обдукција.

Безживотно тело на А.З. било прнајдено утрово околу 9.45 во сопствената викенд куќа во делчевското село Ѕвегор.

Итната медицинска помош по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт.
Десет минути по екипата на Итната медицинска помош пристигнале двајца инспектори и јавен обивнител.
Од  полицијата најавија дополнителни информации за трагичниот настан.
Треба да знаете
Последни објави