Царината спречила криумчарење на девизи, цигари, фатено возило со бункер

Во текот на минатите две недели, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење на девизи, цигари, употребуван алат, индустриска машина, хартија за пакување, автоделови, играчки, облека, обувки, бижутерија, семиња за земјоделски култури, медицински материјали, возило со бункер и фалсификувана патна исправа. Мобилните царински тимови при пртерс кај двајца српски државјани, кои со српски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, заплениле 20.000 евра. Како што информираат од Царината, во рачна ташничка на сопатникот во возилото биле пронајдени 30.000 евра, за кои сопственикот не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени готови парични средства при влез во државата, издадена од македонските царински органи. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Царината запленила 8.500 евра при контрола на украински автомобил, со кој за влез во државата на ГП Табановце се пријавиле тројца украински државјани. Во две рачни чанти, сместени на подот на возилото, биле пронајдени 38.550 евра, од кои на тројцата патници им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот девизен прекршок, против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

На Аеродромот во Скопје биле откриени 137 штеки цигари марка Camel Blue со македонски акцизни маркички. Цигарите биле откриени во рачниот багаж на државјанин на Латвија, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон.

Уште 76 штеки цигари марка PALL MALL и Chesterfield со македонски акцизни маркички, биле откриени при контрола на албански камион управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на ГП Табановце. Цигарите биле пронајдени во фабричка преграда под подот на приколката.

Полицијата и царината запленила и разновиден алат како компресори, циркулари, апарат за заварување, хилти, дигалки за возила, бормашини, брусалки, убодни пили, бонсеци и друго при контрола на македонски автомобил, управуван од скопјанец.

Царината при контрола на германски автомобил со кој за влез во државата запленила 134 употребувани и нови автоделови за возила „голф“ ламели, летви, клапни за карбуратори, пумпи за гориво, шепи за кочници, инструмент табли и турбини.

Царината запленила и разновидни играчки, облека, бижутерија, делови за мобилни телефони, велосипеди и друго, како и семиња за земјоделски култури и медицински материјал.

На ГП Табановце мобилните царински тимови, во два одвоени случаи, при контрола на две комбиња пријавени за излез од државата на ГП Табановце откриле  специјално конструиран бункер и една фалисфикувана бугарска патна исправа за која постои сомневање дека е фалсификувана.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави