Грабеж на аеродром во Тирана, убиен еден крадец

Албанската полиција соопшти дека убила маж, бидејќи група неидентификувани лица извеле грабеж на меѓународниот аеродром во Тирана, но не соопшти за која сума се работи и кој бил ограбен.

Полицијата само наведе дека се работи за група вооружени и маскирани мажи, како и дека грабежот се случил попладнево на аеродромот „Мајка Тереза Ринаси“, пренесе „АП“.

Како што се наведува, дошло до размена на оган на километар од аеродромот и во таа прилика убиен бил маж.

Специјалните полициски сили и хеликоптери го пребаруваат теренот, а поради инцидентот откажан бил само еден лет.

Треба да знаете
Последни објави