Измамен штипјанец при купување огревно дрво

Штипјанец вчера бил измамен при купување огревно дрво. Шеесет и двегодишниот М.С од Штип за само два месеца е третата жртва на ваков вид измами во источниот дел на земјава.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова денеска информираше дека штипјанецот М.С е измамен вчера, кој пријавил дека околу 11.30 часот во неговиот двор на улицата Солидарност непознато лице му понудил да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар.  

-Пријавителот М.Сплатил 14.500 денари за дрвата нанепознатото лицекое заминало и отишло по камионот содрвата кој наводно бил во населбата „Баби” во ШтипПократко време М.Сувидел дека е измаменодносно не добилдрваниту пак непознатото лице му ги вратило парите, вели Панајотова.

Во изминатите две месеца на сличен начин беа измамени и двајца граѓани во Штип и Кочани. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави