Како може да се затруете со ориз?

Оризот е една од оние намирници што честопати ги готвиме во голема количина, па и следниот ден го послужуваме како прилог.

 

За разлика од компирот, вкусот на оризот е ист и наредниот ден, но повеќето луѓе не знаат дека е многу лесно да добијат труење со јадење остатоци од ориз.

Тоа нема врска со начинот на кој го подгревате оризот, туку со начинот на кој го складирате.

Сировиот ориз на површината има Bacillus cereus, микроорганизми што брзо се рамножуваат и што може да предизвикаат труење, дури и по термичка обработка на оризот.

Проблемот се јавува кога зготвениот ориз ќе го оставите на собна температура. Во тој случај микроорганизмите се множат и прераснуваат во бактерии што може да предизвикаат труење. Колку подолго стои зготвениот ориз на собна температура, толку е поголема концентрацијата на бактерии, а со тоа и веројатноста да дојде до труење.

За да ја одбегнете оваа ситуација, немојте да го оставате зготвениот ориз на собна температура подолго од еден час и складирајте го во затворен сад во фрижидер.

Треба да знаете
Последни објави