ОЈО: Обвинение за дилер на марихуана од Драчево

ОЈО Скопје поднесе обвинение против жител на скопската населба Драчево осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот во својот дом неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 66,7 грама, спакувана во една полиетиленска ќеса. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во неговиот дом на шести март. Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на сега обвинетиот претходно му беше определена мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка“, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави