Полската полиција трага по четворица Британци кои низ историскиот центар Краков парадирале во кочија со коњи, скудно облечени.
Според агенцијата V4NA, полската полиција објавила дека четворицата туристи недолично се однесувале, откако надзорните камери ги регистрирале како облечени во светло зелени костуми во стилот на Борат, на еден од плоштадите во Краков изнајмиле коњска кочија.
Како што додава агенцијата, во случај да бидат осудени под обвинение за несоодветно однесување, четворица мажи ризикуваат одделни казни до 30 дена во затвор или глоба од 1.200 евра.
Портпаролот на полската полиција соопшти дека странските туристи, особено Британците, често се забавуваат во алкохолизирана состојба во историскиот дел на Краков и ја вознемируваат јавноста.