Реакција на МД „Илинден” за изјавата на реисот Реџепи

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо, најостро ја осудуваат навредливата и недолична „посебно за верски поглавар” изјава за Македонците на првиот човек на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи
-Најостро ја осудуваме изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, дадена на 14 март 2019 година на церемонија на поставување  камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена деновиве на неговиот Фејсбук профил, која е полна со говор на омраза. Во неговиот говор дава квалификации на „див” и „непримерен народ без идентитет”. Му порачуваме дека Македонците имаат своја традиција и се автохтон народ на овие простори, стои во реакцијата на Друштвото.
Сметаме, стои понатму, дека изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, е крајно недолична, недозволлива и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонците.
-Поради недоличната изјава на поглаварот, Македонското друштво „Илинден” и разгранокот за Голо Брдо, бараат Реисетот на Исламската верска заедница, безусловно да им се извини на Македонците во целина, стои во реакцијата потпишана од претседателот на Друштвото Никола Ѓурѓај и Или Халилај, претседател на разгранокот за Голо Брдо.
Треба да знаете
Последни објави