Сопствениците на кучиња се посреќни од сопствениците на мачки

Ново истражување спроведено во САД открива дека шест од десет домаќинства имаат домашно милениче, но и дека сопствениците на кучиња се посреќни од сопствениците на мачки.

Резултатите, исто така, покажауваат дека сопствениците на кучиња се повеќе склони кон брак и купување сопствен дом, што секако влијае на среќата и задоволството во животот. Тие едноставно знаат да побараат утеха од нивното милениче кога се под стрес и го сметаат за член на семејството.

Сопствениците на мачки пак, според анкетата на Истражувачкиот центар „Пју”, се двојно „помалку среќни”, а посреќни од нив се и луѓето кои немаат миленичиња.

Треба да знаете
Последни објави