Кога Арон Фрејсер во 2014 година започнал со реновирање на дворот во својот дом од детството во Џексонвил на Флорида, отркил стражно откритие – човечки остатоци. Подоцна се утврдило дека се работи за глава и коски од неговата мајка, Бони Хејм, објави Си-ен-ен.
Според информациите, жената исчезнала во 1993 година, кога била во брак со Мајкл Хејм, кого полицијата го уапсила и тој сега е обвинет за убиство.
„Вистината секогаш беше таму, закопана во нивниот двор“ рекол помошникот на државниот обвинтел, Алан Мизрахи во воведните зборови на судењето на Хејм, кое почнало вчера.
Адвокатката на обвинетиот потврдила дека Мајкл и Бони Хејм имале проблеми во бракот, но дека тоа не значи оти ја убил тогашната сопруга.