Анкета на „Макфакс“: 83,7 проценти од младите би се иселиле од државата

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе анкета со прашање „Дали би се иселиле од државава“ во траење од 24 часа, односно во периодот од 9 април до 10 април на пладне, а спроведена на 15 веб-страници.

Најголем дел од испитаниците, или 71, 3% одговориле дека доколку се во можност би ја напуштиле државата, и тоа засекогаш.

12,4 % проценти би заминале од државата, но тоа би било само привремено, односно би се вратиле назад.

11% од испитаниците кажале дека никогаш не би ја напуштиле државава, а 5,3 проценти кажале дека не размислувале досега за ова прашање.

Треба да знаете
Последни објави