Британското бродоградилиште евакуирано по дојава за бомба на нуклеарна подморница

Бродоградилиште во северна Англија, кое гради британски нуклеарни подморници, беше евакуирано денеска по објавувата на една локална интернет-страница со предупредување за бомба,пренесува Ројтерс.

„Како мерка на претпазливост, бродскиот комплекс Девоншир е затворен. Персоналот, изведувачите и локалните жители се информирани”, рече портпаролката на „БАЕ системс“.

На местото на настанот биле повикани и амбулантни возила.

Неидентификуван извор изјавил за „Мејл“ дека вработените биле евакуирани по предупредувањето за бомба на офанзивната нуклеарна подморница од класата „Астут“.

Треба да знаете
Последни објави