Најмалку едно лице загина, а повеќе од десетмина се повредени во експлозија на гас што доведе до рушење на зграда во градот Дурам во Северна Каролина, соопшти полицијата.
Експлозијата предизвикала и пожар во зградата, кој го гаселе најмалку две противпожарни возила, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Портпаролот на полицискиот оддел во Дурам, Вил Глен, изјави дека експлозијата се случила кога изведувач на градежни активности, додека дупчел под тротоарот, погодил во гасовод со дебелина на цевките од околу пет сантиметри, објави агенцијата АП.
Тој на конференција за печат соопшти дека едно лице загинало во експлозијата, додека 15 биле пренесени во блиската болница.
Полициски автомобили ги блокирале улиците во близина на местото каде што се случила експлозијата, додека густ облак од чад се издигал над тој дел од градот.