Екипите на два воени брода на Црноморската флота ги тестираа способностите на ракетата П-270 Москит.
Во поморската вежба беше реализиран успешен ракетен напад на целта оддалечена околу 55 километри, според извештајот на телевизијата „Звезда”.
П-270 Москит е суперсонична ракета наменета да ги уништи непријателските воени бродови на растојание до 90 км. Проектилот лета близу површината со цел да се избегне рано откривање на радарите и се потпира на својата голема брзина и брзо маневрирање.
Корветата „Ивановец“ носи четири такви ракети, од кои секоја има 150 килограми експлозив во боевата глава – доволно за да потоне брод од 20.000 тони.