(Видео) Саркофаг стар 2.500 години отворен во емисија во живо

Саркофаг на египетскисвештеник, стар повеќе од 2.500 години, беше отворен за време на емисијата во живо на американската телевизија Дискавери.

Египетскиот археолог Захи Хавас и неговиот тим, при вештачко осветлување и во присуство на камери, отвориле три саркофага кои биле изнесени на површината на гробницата.

Истражувачите застанале на третиот саркофаг, многу поголем од останатите, во кој биле пронајдени посмртните останки од свештеникот на египетскиот бог Теут.

„Тој човек беше како крал”, вели Хавас, додавајќи дека мумијата е многу подобро зачувана со поквалитетни ленти за балзамирање за разлика од мумиите во другите два саркофага.

Богот Теут честопати бил претставен со главата на птицата ибис, која тогаш била симбол на мудрост и магија.

Водителот на емисијата, Џон Гејтс, изјави дека вистинската моќ во древниот Египет ја имал свештеникот што може да се види според претходно пронајдени и подобро сочувани мумии.

Гробницата се наоѓа во градот Миња, долж реката Нил јужно од Каиро.

Треба да знаете
Последни објави