Економските политики на СДСМ се целосен дебакл. Власта се уште се влече на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во економијата. Дека економијата е дно доказ е и добиената нула од страна на германските партнери.
- Скоро 80% од сумата што СДСМ ја нарекува СДИ е реинвестирана добивка на фирмите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во државата.
- Граѓаните не гледаат придобивка од розевите бројки на власта, граѓаните се уште се невработени, а работа добиваат само роднините на функционерите на власта. Јавната администрација стана место за вдомување на партиски кадри, кои вештачки ја зголемуваат бројката на вработени.
- Новите работни места од страна на СДИ се отворени во фабриките кои дојдоа во Македонија благодарение на добрите економски политики на СДСМ.
- Компаниите на граѓаните тонат, растат само компаниите на власта, Заеви и Анѓушев.
- Срам е кога СДСМ се фали со Фондот за иновации, тоа е Фондот преку кој СДСМ додели грантови на партиски послушници и фирми блиски до власта.
- За време на ВМРО-ДПМНЕ имаше активни мерки за вработување, кои допринесоа за намалување на невработеноста од скоро фрапантни 40% на 20тина проценти.
- Јавниот долг за изминативе две години се зголеми за над половина милијарда евра.
- Една од тие компании, е компанија во сопственост на семејството на Зоран Заев лично.
- Земјоделието тоне, откуп нема, а земјоделците го фрлаат родот на буниште.
- Нема зелена нафта, која ја ветуваше СДСМ, ниту зголемени субвенции.
Последните две години се пример за економски неуспех. Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уништуваат економијата.