Возачи без лекарско возат преполни патнички комбиња

По последната акција на полицијата за проверка на  поширокото гостиварско подрачје, на возила што вршат јавен превоз на патници, санкционирани се 14 лица.
Според СВР Тетово, со контролата биле опфатени 29 возила, претежно комбиња што сообраќаат кон гостиварските села.
Откриени се девет возачи кои ги управувале комбињата без потребните лекарски уверенија, а четири комбиња возеле поголем број на патници од дозволеното, наведуваат од СВР Тетово.
Откриените прекршоци санкционирани се со девет прекршочни и пет мандатни платни налози.
Глобата за управување без лекарско уверение изнесува 300 евра, а 45 евра за возач кој вози поголем број на патници.
Треба да знаете
Последни објави