Грција: Патник падна од траект, потрагата е во тек

Еден патник падна од траект помеѓу островите Андрос и Тинос во Егејското Море, а потрагата по негопродолжува, објавија грчките медиуми.

Потрагата по човек кој паднал во морето од палубата на бродот „Теологос“ минатата ноќ започнала по сведочењето на друг патник кој тврдел дека видел сè и трчал по помош, пишува newsit.gr.

„Теологос“, кој пловел по својата стандардна рута од Рафина до Миконос, некое време застанал меѓу островите Андрос и Тинос, каде што се наоѓаше во моментот кога беше пријавен инцидентот. Според тоа, потрагата се фокусираше на оваа точка, но без резултати засега.

„Теологос“ ја продолжи планираната рута до Миконос.

Треба да знаете
Последни објави