Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн, веројатно ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, бидејќи потешко ја повреди левата нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Манчестер сити.
Играчите и навивачите на Тотенхем не стигнаа ниту правилно да се израдуваат, бидејќи повредата на Хари Кејн се покажа како навистина сериозна.
„Ова е многу, многу тажно. Можеби за него сезоната е завршена“, рече тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.
Оваа сезона, 25-годишниот Кејн настапи на 39 натпревари за Спарс постигна 24 гола и забележа шест асистенции.