Пет лица побарале медицинска помош на Клиниката за трауматологија во Загреб, откако попладнево биле искасани од куче во загрепската населба Ксавер, информираат медиумите.
Според првичните информации, станува збор за полесни повреди, а веднаш по пријавата полицијата го лоцирала кучето. Тоа било преземено од ветеринар, кој треба да утврди кој е сопственикот и дали е редовно вакциниран.
Од полицијата велат дека се работи на случајот, но истакнуваат дека вистинска среќа што нема повредено деца кои биле во близина кога кучето ги напаѓало минувачите.