Кинескиот премиер Ли Кечианг вечерва пристигна во Хрватска во мисија да ги зајакне односите со земјите од Централна и Источна Европа, кои Кина сака да ги вклучи уште посилно во својот мегапроект “Еден појас, еден пат”.
Тој пристигна во Загреб со делегација од 250 луѓе, продолжувајќи ги интензивните контакти меѓу Пекинг и Загреб во последните неколку години.
Кечианг денеска ќе се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ, претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ, а ќе потпишат десет спогодби.
-Ова е голема политичка порака до Хрватска и шанса за хрватската економија, изјави Пленковиќ за новинарите на аеродромот, пред доаѓањето на кинескиот премиер.
Премиерот Ли дојде во Хрватска по самитот на ЕУ и Кина во Брисел.