Кривична пријава за компјутерска измама ќе биде поднесена против 35-годишниот Т.А. од Велес, кај кој при претрес е најдена опрема користена за нелегални активности.
Поради основани сомневања дека сторил кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР денеска извршил претреси на објекти во кои престојувал Т.А – на ул.„23 Октомври” во Скопје и на ул.„Орце Мартинов” во Велес.
-При претресите се пронајдени предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело, и тоа два GSM gateway-уреда, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox-уред, 38 СИМ-картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките. Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, соопшти МВР.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и СИМ-картичките биле користени и за други нелегални активности.