Лажни играчки „my little pony“ кои содржат 300 пати повеќе отров од дозволеното го преплавија балканскиот пазар. Играчките се продаваат под името „ my little petz“, но навидум немаат никаква разлика од оригиналот. Српските медиуми наголемо пишуваат дека играчките се преполни со отров и се многу опсани за детското здравје. На страната на нашиот Државен пазарен инспекторат нема никако известување до родителите дека отровни играчки го преплавија пазарот. Последни на листата на запленети опасни играчки се новогодишните сијалички.
Српските медиуми деновиве се преплавени со информации за отровни играчки кои ја оштетуваат детската кожа и содржат над 300 пати повеќе отров од дозволеното. Нивните лабаратории докажале дека најмалку 35 видови на играчки на балканскиот пазар се штетни за здравјето на децата.
-Случајот со здравствено- неисправните играчки кои се опасни за здравјето на децата, не само што го посочија проблемот што хемиски дефектни предмети влегуваат во Србија, туку го отворија и проблемот дека истите без проблем завршуваат во продавниците. Следејќи ги овие алармантни информации, “Блиц” утврди дека државниот апарат не функционира и не постои соработка помеѓу надлежните служби и министерствата. Едноставно, известувањата дека играчките не треба да се купуваат не стигнуваат до родителите- пишува српски Блиц.
Според истиот текст последната и единствена играчка за која е објавено предупредување, е уште од 2016 година. Станува збор за миризлива кукла со звук. По овој период нема никакво предупредување иако дел од луѓето кои ги правеле испитувањата велат дека проблемот е могу голем.
-Се ближи летото, а со тоа и потребата да купиме пластични играчки, гумени чамци и гуми за пливање кои исто така се небезбедни. Но никој не знае за тоа- велат српските медиуми.
На страната на нашиот Пазарен испекторат нема известување за горе наведените играчки.
Детски дубаци, пиштоли, нараквици за бебе, но и дуксери и цели детски компплети облека се само дел од запленетите опасни производи од страна на Пазарниот инспекори лани. На листата се дваесетина производи, а потеклото на истите веќе не е само кинеско. Има играчки и дуксери од Турција, а увозниците не се само од Скопје. Има од Струга, Велес,Тетово. Производите се веќе запленети и тргнати од рафтовите.
– Играчка – пластично оружје со проектили пак има мали делови кои детето може лесно да ги голтне и да дојде до задушувње. Не е во согласност со стандардот за безбедност за играчки.Нараквица за бебе има мали делови кои детето може лесно да ги голтне и да дојде до задушувње.
Играчка – свирка со врвка има врвка што може да се стави околу вратот и заради димензијата на врвката постои можност од давење. Фрлач на топки е играчка која има мали делови кои детето може лесно да ги голтне и да дојде до задушување.
Цела работа започна пред неколку дена откако Европската комисија за потрошувачи излезе со предупредување дека на европскиот пазар циркулираат небезбедни играчки.
Валентина Ангеловска