Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе зборува на „Bush School  of Government and Public Service”, на А&M Универзитетот во Тексас

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе зборува на „Bush School  of Government and Public Service”, на А&M Универзитетот во Тексас. Станува збор за една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика.

Темата на која ќе се обрати Тевдовски се однесува на „Прогресот на Република Северна Македонија и зошто е тој важен за Западот“. Во рамки на темата – како земјата од извор на нестабилност, може да стане позитивен пример за решавање конфликт, министерот ќе се осврне и на предизвиците за искористување на поволниот момент за да се зголеми економскиот развој и подигне стандардот.

На „Bush School of Government” обраќања и предавања држеле гувернери, конгресмени, сенатори, амбасадори и познати универзитетски професори. Затоа ова е одлична можност за промовирање на нашата земја, како и реформите и напорите кои ги прави во насока на евроатланските интеграции и економски развој.

Треба да знаете
Последни објави