Новозеландскиот парламент ги одобри новите законски измени за оружје со кои се забранува полуавтоматско оружје. Во пресрет на гласањето, премиерката Ардерн го известила парламентот дека, набрзо по нападот на белецот расист во двете џамии во Крајстчерч, ѝ било кажано дека напаѓачот легално набавил оружје кое го користел во нападот.
„Не можам да сфатам како е можно оружјето, кое предизвика таква деструкција и толку голем број на загинати, може легално да се набави во оваа земја“ рекла Ардерн.
Таа нагласила дека веднаш по нападот одлучила да го промени законот за оружје, знаејќи дека парламентот ќе биде со неа во тоа.