– Научниците кои учествуваат во проектот „Event Horizon Teleskope” ги објавија првите фотографии од црна дупка, која се наоѓа во оддалечена галаксија.
Проектот е започнат пред две години со задача набљудување и обид за фотографирање на црната дупка. На неколку конференции во Вашингтон, Брисел и пет други градови, научниците објавија дека конечно постигнале успех.
Црните дупки досега никогаш не се фотографирани, бидејќи нивната огромна маса не дозволува што и да е да побегне од хоризонтот на настанот, па ни светлото.
Црната дупка, која астронаутите успеале да ја фотографираат е со пречник од 40 милијарди километри – три милиони пати поголема од Земјата. Научниците ја опишаа како „монструозна”.
Црната дупка се наоѓа 500 милиони трилиони од Земјата, а фотографијата е направена благодарејќи на мрежа од осум телескопи поставени ширум светот.
Професорот Хаино Фалке од Радбод универзитетот во Холандија, кој и го предложи експериментот, соопшти дека црната дупка е пронајдена во галаксијата М87.
-Она што го гледаме е поголемо од целиот наш Сончев систем. Потешка е 6,5 милијарди од Сонцето и е една од најтешките постојни црни дупки. Апсолутно чудовиште. Шампион на универзумот во тешка категорија на црните дупки, со боксерски речник јас опиша црната дупка професорот Фалке.