Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит-серијата „Круната” на Нетфликс, објави „Нетфликс“.
Корин рече дека е „исклучително возбудена и почестена” што ќе се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.
„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална”, рече таа.
https://www.instagram.com/p/BwCnHj9n7oZ/?utm_source=ig_embed
„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко”, рече Корин.
Корин е „брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер”, кажа авторот на серијата, Питер Морган.