Од Основен суд Скопје 1 велат дека судијата поротник од предметот „27 Април“, кој повеќе не е во судечкиот совет, претходно најавил дека ќе се повлече од здравствени причини, но останал до крај на судењето за случајот за да не наштети на постапката. Неофицијално, како се шпекулираше во медиумите, поротникот, пензиониран полицаец се повлекол револтиран од висината на казните за осудените.
-Во однос на повеќе новинарски прашња и натписи поврзани со еден од судиите -поротници кои беа дел од судечкиот совет со кој претседава судијата Добрила Кацарска, како суд ги демантираме сите објавени шпекулации и ја информираме јавноста дека поротникот самиот побарал од Судскиот совет да биде разрешен од функцијата судија – поротник, а истиот повлекувањето од функцијата го најави уште од претходно и тоа заради здравствени причини. Но тој останал се до донесување на првостепената пресуда за предметот поврзан со настаните од 27 април се со цел да не
наштети на постапката. Во однос на другите постапки кои се водат пред исиот судечки совет, ја информираме јавноста дека предметите, заради промена на советот, формално се почнати од почеток и не само што се доведени во фазата во која биле претходно, туку се и во понапредна фаза со оглед да на претходните расправи се изведени нови докази и соослушани нови сведоци.
Па затоа оваа промена на советот не претставуава никаква пречка во понатамошната постапка нити причина за одолговлекување на предметите, велат од Основен суд Скопје 1.
Инаку, деновиве на социјалните мрежи се појавија информации дека дел од поротниците- судии не се согласувале со пресудите, па наводно судијката Кацарска ги собрала во една просторија каде им ги одземала мобилните телефони и наводно почнала да им се заканува.