Растат водостоите на реките

Водостоите на реките во земјава се под просекот за април, но бележат раст во однос на вчера, со исклучок на Вардар на мерното место кај Велес и Брегалница кај Берово каде има благо намалување на нивото во однос на вчера, како и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е ист со вчерашниот.

Според податоците од последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, Охридското бележи раст од еден сантиметар, а водостојот на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар во споредба со вчера.

Треба да знаете
Последни објави