Во делови на Германија полицијата извршила претреси во над 90 објекти поврзани со исламистички мрежи, за кои се претпоставува дека се во врска со екстремистичката сцена, како и меѓу другото, финансиски го помагаат палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, а пак САД, Израел и ЕУ го сметаат за терористичка организација.
„Постои сомневање дека оваа мрежа финансиски и логистички ја помагаат терористичката органиација Хамас“ стои во соопштението на министерството за внатрешни работи.
Полициската акција е насочена пред се на организациите WWR Help и „Ансар Интернешнал“ кои се пријавени како хуманитарни организации и за кои се претпоставува дека стојат на врвот на исламистичката мрежа која ја помага Хамас.
Акцијата почнала рано утрово во 16 германски сојузни покраини, со тежиште на Северна Рајна Вестфалија, каде се наоѓа седиштето на „Ансар Интернешнал“.