Самата помисла на кафе го стимулира мозокот?

Како што утврдиле дека мирисот на кафе го стимулира процесот на размислување, научниците неодамна се прашуваа дали самата помисла за кафе може да има слично дејство на мозокот. Според истражувањата на канадските научници одговорот на ова прашање е потврдено, имено, кога помислуваме на кафе, концентрацијата и вниманието се подобруваат.

Овој заклучок беше заснован на 4 истражувања во кои испитаниците, припадниците на западните и источните култури, биле изложени на ситуации и сигнали што ги натерале да размислуваат за пиење кафе или пиење чај.

Беше забележано дека споменатиот, стимулирачки ефект на помислата на кафе бил помалку изразен меѓу членовите на источните култури во кои кафето не е толку популарно како на Запад. Интересно е и тоа што испитаниците кои беа изложени на ситуации поврзани со пиење кафе размислуваат на поконкретен и прецизен начин, како да имаат впечаток дека времето брзо поминува.

Авторите на студијата планираат подетално да го истражат овој феномен, како и да истражат како размислувањето за вино или енергетски пијалоци делува на мозокот.

Треба да знаете
Последни објави