Вчера кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова заедно со Ердоган Сарач, претседател на Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ) остварија посета на пазарот во Гостивар.
При посетата, Гордана Силјановска Давкова истакна дека токму овој пазар е пример за мултикултурно општество, каде се спојуваат различни култури, религии.
„Пазарот во Гостивар е одличен пример за мултикултурно општество, спој на различни култури и религии и најдобар пример за власта да сфати како треба да функционира општеството. Не како пазар на две етнички групи туку како збир на сите граѓани без разлика на потеклото“, посочи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова исто така при посетата додаде дека пазарот во Гостивар е слика на Република Македонија, бидејќи во нашата држава живеат луѓе со различна култура, јазик, религија, обичаи, токму различноста е убавината на нашата држава. Спојот на различностите Македонија ја прават поубава и посилна.