Тијара од Фаберже се очекува да достигне цена од 300.000 евра на аукција

Ретка тијара од Фаберже од 1904 година, ќе биде ставена на аукција во „Кристи“ и се очекува да достигне цена од 300.000 евра.

Тијарата била направена во 1904 година како свадбен подарок од Фредерик Франсис IV, последниот Голем војвода од Мекленбург-Шверин, за неговата идна сопруга, принцезата Александра од Хановер и Камберленд.

Мајката на Големиот војводата била руска војвотка и страствен колекционер на накит од Фаберже, која го охрабрила својот 22-годишен син да ја нарача тиарата од ателјето во Санкт Петерсбург.

„Тоа е апсолутно преубава тиара со девет аквамарини“, вели Макс Фосет, специјалист за накит во „Кристи“ во Женева.

„Денес има многу малку Фаберже тијари на светскиот пазар, а кога ќе излезат на аукција, тие секогаш привлекуваат многу внимание“, додаде тој.

Тијарата ќе биде продадена во Женева на 15 мај, заедно со други скапоцени камења, вклучувајќи и колумбиски смарагд од 19-от век.

Треба да знаете
Последни објави