Црна Гора ќе добие 3Д-радар од НАТО

НАТО ќе й подари на својата членка Црна Гора радарски систем 3Д кој ќе биде инсталиран на Бјеласица.

Министерството за одбрана на Црна Гора претходно на НАТО му упати барање за добивање радар, чија вредност е околу 20 милиони евра.

„Ние можеме да го потврдиме доделувањето на радарскиот систем на црногорските власти. Овој важен чекор е уште еден силен напор за да се обезбеди одбрана и заштита на воздушниот простор на земјата, заедно со воздушните полициски сили обезбедени од страна на сојузничките авиони од Грција и Италија”, изјави официјален претставник на Алијансата.

Црногорското Министерство за одбрана не ги потврди информациите, но рече дека разговорите со НАТО се во тек.

Треба да знаете
Последни објави