6 „зарази“ кои немаат врска со вируси и бактерии

Науката докажува дека бацилите не се единственото нешто со кое може да се заразите од другите. Многу е важно со какви луѓе го делите животот и нашиот поглед на светот. Но, тоа не е сè.

 

Не се само вирусите заразни, и среќата е „заразна“, исто како и смеењето. И стресот е „заразен“, се шири како вирус. Еве што друго уште е „заразно“.

1. Негативните мисли

Истражување на Универзитетот Нотр Дам покажа дека луѓето со кои го минувате времето влијаат на вашиот поглед на светот, затоа бирајте ги пријателите внимателно.

2. Среќа

Позитивниот став е „заразен“, покажува истражување на Харвард во кое учествувале 5.000 луѓе. Кога сте среќни, луѓето со кои се дружите и вашите блиски се исто така среќни и генерално имаат позитивен став кон животот.

3. Стрес

Човечкиот мозок е програмиран да ги препознае симптомите на стрес кај другите луѓе, како што е забрзаното дишење на пример. Кога сте под стрес, посветете си малку време и наспијте се добро. Тоа не е себично, од тоа ќе имате корист и вие и луѓето околу вас.

4. Чешање

 

Кога ќе видите како некој се чеша наскоро и вие имате чувство дека сè ве чеша, ова не е својствено само за луѓето. Истражување објавено во Science наведува дека и глувците почнуваат да се чешаат кога ќе видат како еден од нив се чеша.

5. Развод

Истражување од 2013 година,  покажува дека пријателите на личности кои се разведени имаат 75 проценти повисок ризик од тоа и самите да се разведат, отколку од оние кое се дружат со парови кои и понатаму се во брак. Кога пријател на пријателот се разведува, ризикот од развод во тој круг на луѓе расте за 33 проценти.

6. Смеењето, плачењето, кашлањето, проѕевањето се заразни

Проѕевањето е толку заразно што има луѓе кои можат да проѕевнат дури и кога ќе прочитаат нешто за тоа. Научниците сметаат дека тоа довело еволуциска предност за нас, можеби еден вид начин на кој нашите предци, пештерските луѓе, го синхронизирале својот распоред на спиење и други активности. Смеењето е исто така форма на поврзување во една социјална заедница.

Треба да знаете
Последни објави