Благоја Куновски Доре претседател на жирито на ФИПРЕСЦИ на филмскиот фестивал во Москва

Филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, ќе претседава со жирито на филмската критика ФИПРЕСАЦИ на  41. издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Москва (МИФФ) од А категорија што ќе се одржува од 18 до 26 април. Доре ќе претседава со жирито на предлог на генералниот секретар на МИФФ Клаус Едер.

Ова на Куновски ќе му биде едно од најголемите признанија бидејќи ќе претседава со жирито на критиката на еден од 10. најголеми светски филмски фестивали. Досега Куновски бил претседател на жиријата на ФИПРЕСЦИ на фестивалите во Истанбул, Ротердам, Гетеборг, Штокхолм, Женева, Бидгошч.

Жирито на ФИПРЕСЦИ на 41. фимски фестивал во Москва ќе ја вреднува Главната компетиција од чии 13 селектирани светски филмови ќе избере еден кој ќе ја добие престижната награда на светската критика.

Во петчленото жири на ФИПРЕСЦИ во Москва покрај Куновски како претседател, членуваат уште критичарите: Андреј Василенко од Руската Федерација, Андони Итурбе Толоса од Шпанија, Елена Рубашевска од Украина и Сањин Пејкович од Шведска.

Треба да знаете
Последни објави