ВМРО-ДПМНЕ: Власта се уште се влече на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Економските политики на СДСМ се целосен дебакл. Власта се уште се влече на успешните политики  на ВМРО-ДПМНЕ во економијата. Дека економијата е дно доказ е и добиената нула од страна на германските партнери.

  1. Скоро 80% од сумата што СДСМ ја нарекува СДИ е реинвестирана добивка на фирмите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во државата.
  2. Граѓаните не гледаат придобивка од розевите бројки на власта, граѓаните се уште се невработени, а работа добиваат само роднините на функционерите на власта. Јавната администрација стана место за вдомување на партиски кадри, кои вештачки ја зголемуваат бројката на вработени.
  3. Новите работни места од страна на СДИ се  отворени во фабриките кои дојдоа во Македонија благодарение на  добрите економски политики на СДСМ.
  4. Компаниите на граѓаните тонат, растат само компаниите на власта, Заеви и Анѓушев.
  5. Срам е кога СДСМ се фали со Фондот за иновации, тоа е Фондот преку кој СДСМ додели грантови на партиски послушници и фирми  блиски до власта.
  6. За време на ВМРО-ДПМНЕ имаше активни мерки за вработување, кои допринесоа за намалување на невработеноста од скоро фрапантни 40%  на 20тина проценти.
  7. Јавниот долг за изминативе две години се зголеми за над половина милијарда евра.
  8. Една од тие компании, е компанија во сопственост на  семејството на Зоран Заев лично.
  9. Земјоделието тоне, откуп нема, а земјоделците го фрлаат родот на буниште.
  10. Нема зелена нафта, која ја ветуваше СДСМ, ниту зголемени субвенции.

Последните две години се пример за економски неуспех. Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уништуваат економијата.

Треба да знаете
Последни објави