Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска се уште не се изјасни за луксузните лустери што ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад неа, се обидува да ги прошверцува.
Сиљановска во јавноста постојано зборува за правда, но молчи за тоа што ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј имот е замрзат во судски процеси, донира луксузни предмети во ек на изборна кампања.
Го праша ли Сиљановска Мицкоски колку чинат, како се набавени и во кој финансиски извештај се пријавени скапите лустери поставени во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ изграден на грбот на граѓаните, во време на најголема сиромаштија?
Што мисли Сиљановска за имотот на ВМРО ДПМНЕ кој е замрзнат во судски случаи?
Молкот на Сиљановска по овие прашања потврдува дека таа е дел од матрицата на лаги, лажни вести и лажн патриотизам на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Сиљановска сака да биде само новиот Ѓорге Иванов, партиски послушник кој ќе работи по насоки од Будимпешта.