Тибетскиот духовен лидери Далај Лама е примен во болница во главниот град на Индија, Њу Делхи поради инфекција на белите дробови.
Далај Лама е хоспитализиран поради инфекција на белите дробови, сега се чувствува подобро. Тој прима терапија и најверојатно ќе остане во болница еден – два дена, изјави портпаролот Тезин Такла.
Далај Лама вчера пристигна во Њу Делхи со авион од Дармсала, каде му е седиштето на медицински консултации.
Дармсала која се наоѓа во северна Индија е седиште на Далај Лама откако побегна од Тибет во 1959 година по неуспешниот бунт против кинеската Влада.
Далај Лама во минатонеделниот говор на конференција на професори и студенти во Њу Делхи повтори дека не бара независност за Тибет и оти повеќе би сакал „повторно обединување” со Кина под взаемно прифатливи услови.