Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека изборната комисија во Турција би требала да ги поништи локалните избори во Истанбул поради нерегуларности, пренесе владиниот весник „Сабах“.
Ердоган разговарал со новинарите во авионот за време на враќањето од Москва и рекол дека дел од надлежните на избирачките места не биле јавни службеници, со што бил прекршен законот, пренесе „АП“.
„Нашите колеги тоа го дознале. Нормално, сето ова предизвикува сомнежи. Ако искрено ја разгледаат ситуацијата, ќе дојде до поништување на изборите“, рекол Ердоган.
Турскиот претседател во понеделникот изјави дека избирачките места биле цел на организиран криминал.
Партијата на Ердоган на локалните избори во Турција ја загуби колнтролата во Анкара и Истанбул. Оттаму побараа пребројување на гласовите во Истанбул, но Комисијата го одби барањето.