Играчот за врска на Челзи Дени Дринковотер синоќа беше уапсен под сомнение дека предизвикал сообраќајна несреќа возејќи под дејство на алкохол.
Дринковотер, кој повремено настапува и за англиската репрезентација, не беше во состав на Челзи против Вест Хем што „сините“ го добија со 2:0, па одлучил да отиде на домашна забава кај пријател.
По полноќ тргнал накај дома со неговиот Range Rover и удрил со возило при што се здобил со полесни повреди.
„Дринквотер е уапсен половина час по полноќ откако учествувал во сообраќајна несреќа“, соопшти лондонската полиција.
Фудбалерот наводно бил под дејство на алкохол кога ја предизвикал сообраќајката.
Тој треба да се појави на суд на 13 мај.