Средношколец од Корчагин повреден на екскурзија во Прага

Средношколец од скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин утрово паднал по пожарникарски скали во хотел во Прага, дознава 24 инфо. Ученикот се здобил со повреди, однесен е на преглед во една од болниците во градот. Соучениците на паднатото дете велат дека паднало од десет метри, а хотелот во кој биле сместени немал заштитна ограда ниту пак тераси. За да трагиката биде поголема децата велат дека во хотеот во кој биле сместени немало ниту интернет за да се јават на родителите и да ги известат за несреќата.

Директорот на училиштето Драган Арсовски ја потврди информацијата и рече дека ученикот е без посериозни последици.

-Детето утрово паднало по пожарникарски скали, но нема посериозни повреди. За секој случај е однесено на преглед во болница во Прага каде се направени сите прегледи, направени се снимки и нема констатирано никаква повреда. Детето е веќе на пат за Виена и нема потреба од паника- вели Арсовски.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави