Жител од струмичкото село Турново, неготинчанец и тетовец биле уапсени во две одделни полициски акциии откако кај нив била пронајдена дрога.
Полицијата вчера извршиле претрес во домот на Б.Д.(34) од село Турново и пронашла марихуана, пиротехнички средства и пари. Б.Д. бил уапсен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј.(26) од Неготино за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Полицијата во петокот во Велес извршиле претрес на автомобил управуван од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(45) од село Мала Речица, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
На 12 септември лани на автопатот Тетово-Скопје полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило управуван од Г.Ц.(46), а како сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.